Шекеринска: Колега Дамире, се гледаме наскоро во НАТО
![Шекеринска: Колега Дамире, се гледаме наскоро во НАТО](https://gdb.rferl.org/E43FEAE2-D207-4068-A841-BC1D6AB9D268_cx0_cy11_cw0_w800_h450.png)
Колега Дамире, се гледаме наскоро во НАТО, му порача денеска македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот хрватски колега Дамир Крстичевиќ, кој е во официјална посета на Македонија.
„На примерот на Хрватска гледавме колку членството во НАТО влијаеше позитивно не само на стабилноста туку и на сите политички процеси и колку тоа даде поддршка и на процесот на пристапување кон ЕУ. Република Македонија успеа за година и половина да го надомести изгубеното време и шанса. Но, за овие година и половина нашите амбиции исто така пораснаа. Како што баравме поддршка за членство во НАТО, денеска и во иднина ќе бараме поддршка за почеток на преговори со ЕУ и членство во Унијата“, рече министерката Шекеринска изразувајќи благодарност за хрватската поддршка за Македонија во евроатлантските интеграции.