Извозот зголемен за над 20 проценти, најмногу се тргувало со Германија и Грција
![Извозот зголемен за над 20 проценти, најмногу се тргувало со Германија и Грција](https://gdb.rferl.org/091BF961-CFCF-47B5-BCF4-FFD22EF6B30F_w800_h450.png)
Од Македонија минатата година се извезени стоки во вкупна вредност од 6.907.998.000 долари, што претставува пораст од 21,8 отсто во однос на 2017 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9.052.195.000 долари, односно за 17,3 проценти повеќе во споредба со 2017 година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 2.144.197.000 долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта...