Турција нуди награда од 12.8 милиони долари за пучистите кои добија азил во Грција
![Турција нуди награда од 12.8 милиони долари за пучистите кои добија азил во Грција](https://gdb.rferl.org/85FB6019-8C20-4D1D-BDDE-564ED07B5C1B_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Турција ги стави на т.н. црвена листа и понуди награда од 770.000 долари за секој од поранешните турски војници, кои по неуспешниот обид за пуч побегнаа во Грција и добија политички азил, објавија свтските агенции, повикувајќи се на турската новинска агенција Анадолија.
Се работи за 74 поранешни војници кои турските власти ги поврзуваат со политичкиот противник на Ердоган, Фетула Ѓулен. Распишувањето на наградата со вкупна вредност од околу 12,8 милиони американски долари е распишана непосредно пред посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Турција.