Уапсена жена за пожарот во Париз
![Уапсена жена за пожарот во Париз](https://gdb.rferl.org/918D82CE-0555-42BF-84AE-9863C19BB595_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Една жена е уапсена како дел од истрагата за пожарот во една станбена област во Париз, при што загинаа најмалку 10 луѓе, соопштија официјалните претставници.
Парискиот обвинител Реми Хајц денеска изјави дека уапсената жена била жителка на зградата во која избувна пожарот. Жената имаа историја на проблеми со менталното здравје.
Климент Коњан од пожарната служба во Париз изјави дека најмалку 30 лица се повредени во пожарот - вклучувајќи осум пожарникари. Тој рече дека околу дваесетина луѓе избегале на покривот или излегле од прозорците и биле спасени од пожарникари. Околу 50 други луѓе пак биле евакуирани со пожарникарски скали.