Ердоган: проблемите со Грција можат да се решат по мирен пат
![Ердоган: проблемите со Грција можат да се решат по мирен пат](https://gdb.rferl.org/D039B4A7-2FEE-46A0-BE24-AFC596C75881_w800_h450.jpg)
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека проблемите со Грција можат да се решат по мирен пат, додавајќи дека постојат несогласувања, посебно кога е во прашање израчувањето на Турција на обвинетите за неуспешниот воен удар во 2016 година. Тој на заедничката прес конференција во Анкара со грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази надеж дека со Грција ќе биде воспоставена подобра соработка. Ципрас пак изрази задоволство што останале отворени каналите за комуникација меѓу двете земји. Ципрас кој е во дводневна посета на Турција денеска треба да се сретне со Васеленскиот патријарх Вартоломеј.