Македонија веќе не е сама, има 29 сојузници
![Македонија веќе не е сама, има 29 сојузници](https://gdb.rferl.org/72c0be8b-5887-4c31-8f7f-8ff41c3fbfe1_tv_w800_h450.jpg)
Ова е историски чин, неколкупати нотираше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на потпишувањето на протоколот за влез на Македонија во Алијансата. По ратификацијата на протоколот од земјите членки, Северна Македонија ќе стане 30 земја членка на НАТО.