Пендаровски: Де факто сме во НАТО
![Пендаровски: Де факто сме во НАТО](https://gdb.rferl.org/0496D3E8-D84B-4C44-856A-3DF851D3C866_cx19_cy0_cw81_w800_h450.jpg)
Денес, по цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание, станавме де факто членка на НАТО, со што ја реализиравме најголемата стратешка цел зад која стоеја буквално сите политички елити и раководства од 8 септември 1991 наваму“, напиша на Твитер Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, по потпишувањето на Пристапниот протокол за НАТО.
Пендаровски денеска беше со министерот за надворешни работи Никола Димитров во Брисел на потпишувањето на Пристапниот протокол.