Бројот на жртви од уривањето на зграда во Истанбул се зголеми на 17
Бројот на жртви од уривањето на осумкатна станбена зграда во Истанбул порасна на 16, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Тој наведе дека во урнатините е пронајдено уште едно тело.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го посети местото на несреќата.
Зградата во истанбулската населба Картал се урна во средата. Причините за уривањето се предмет на истрага, но турските претставници наведоа дека последните три ката биле кренати нелегално.
Од 14 луѓе кои беа пронајдени живи, 13 сè уште се во болница, а седуммина од нив се во тешка состојба.