Гваидо: Се враќаме на улиците
![Гваидо: Се враќаме на улиците](https://gdb.rferl.org/84C24A53-3213-4A5C-8432-04630E060365_cx0_cy11_cw0_w800_h450.jpg)
Венецуелската опозиција планира уште протести за да се запрат војниците кои ја попречуваат хуманитарната помош од САД, која според Николас Мадуро е „чекор кон инвазија предводена од САД“.
Лидерот на опозицијата Хуан Гваидо ќе предводи митинг во источниот дел на Каракас, но демонстрации се очекуваат во целата земја. Тие ќе го одбележат Денот на младоста, но и ќе оддадат почит на 40 лица кои беа убиени за време на антивладините митинзи во јануари.
„Се враќаме на улиците за да овозоможиме влезот на хуманитарната помош да стане реалност. Тоа ќе им го спаси животот на повеќе од 300.000 Венецуелци“, рече Гваидо.