Меј ќе бара повеќе време за преговори со ЕУ
![Меј ќе бара повеќе време за преговори со ЕУ](https://gdb.rferl.org/DA3FAC88-5D1C-4AE0-886C-D1B59A22E1BC_w800_h450.jpg)
Британската премиерка Тереза Меј се очекува денеска да побара повеќе време за преговори со ЕУ за „бекстоп“ протоколот во однос на ирската граница. „Бекстоп“ е своевидна безбедносна мрежа која гарантира дека нема да има „тврда граница“ меѓу двете Ирски, дури и ако Велика Британија излезе од ЕУ без договор.
„Разговорите се во круцијална фаза“, рече Меј пред обраќањето во Парламентот и додаде оти „сега треба да ги сочуваме нервите за да ги добиеме промените кои ги бара Законодавниот дом и да го спроведеме Брегзит на време“.
„Добивајќи ги промените што ни се потребни за „бекстоп“, со заштита и унапредување на правата на работниците и заштита на животната средина и со зајакнување на улогата на парламентот во следната фаза од преговорите, верувам дека можеме да постигнеме договор што овој Дом може да го поддржи“, нагласи премиерката.