Руски антикорупционер претепан до смрт
Руски антикорупциски активист почина откако беше нападнат од маскирани напаѓачи со бејзбол палки, информираат властите. Дмитри Грибов, шеф на Центарот за акција против корупцијата за московската област, беше претепан вечерта на 11 февруари во селото Виноградово, а почина во болница неколку часа подоцна, соопшти рускиот истражен комитет.
Колегите на Грибов се сомневаат дека тој бил нападнат поради неговата работа. Пред четири години, непознати напаѓачи го нападнале Грибов и го запалиле неговиот автомобил.
Новинарите и активистите кои се борат против корупција во Русија се изложени на ризик, а многумина од нив се напаѓани или убиени.