Иран со осуда на САД за повикот за повлекување од нуклеарниот договор
![Иран со осуда на САД за повикот за повлекување од нуклеарниот договор](https://gdb.rferl.org/16051B33-A606-42AD-A85A-C456E580BA38_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ги осуди напорите на САД за извршување притисок врз европските сојузници да се повлечат од нуклеарниот договор со неговата земја. Говорејќи на безбедносната конференција во Минхен тој порача дека американскиот потпретседател Мајк Пенс арогантно побарал од Европа да им се придружи на САД во поткопување на својата безбедност и прекршување на своите обврски.
Зариф се обрати на конференцијата, ден по изјавата на Пенс кој ги повика Германија, Франција и Британија да се повлечат од договорот и да престанат со поткопувањето на санкциите од САД.
Тој истакна и дека европските механизми за трговија со Техеран не се доволни и дека Германија, Франција и Британија треба да направат повеќе за да ја покажат нивната посветеност на нуклеарниот договор.