Во пожар во Бангладеш загинаа 8 лица
Најмалку 8 лица загинале, а 50 се повредени во пожар кој зафатил повеќе од 200 куќи во пристанишниот град Чатограм во Бангладеш. Пожарот избил во текот на ноќта, а според властите, веројатно бил предизвикан од краток спој.
Во несреќи во Бангладеш животот го губат стотици луѓе годишно, бидејќи во земјата, која е сиромашна, ретко се почитуваат безбедносните правила. Повеќе од 1100 работници загинаа кога се урна зграда во главниот град Дака во 2013 година.