Столтенберг: Косовските власти не можат на север без согласност од КФОР
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Србија е партнер на Алијансата и дека ја почитува нејзината одлука да биде неутрална, а од косовските власти очекува да го почитуваат Бриселскиот договор и да не се движат кон северниот дел без согласност на КФОР. Тој во интервју за белградскиот весник „Блиц“ истакна дека трансформирањето на косовските безбедносни сили во армија би можела да има последици врз евроатлантските интеграции на Приштина.
Столтенберг порача и дека Алијансата „јасно ставила до знаење дека ќе продолжи со мисијата КФОР на Косово, која е под мандат на ОН“. Според него, одлуката на Косово за воведување такси на производите од Србија и БиХ го поткопува дијалогот меѓу Белград и Приштина.