Сончево време со слаб до умерен ветер
![Сончево време со слаб до умерен ветер](https://gdb.rferl.org/A45EEE36-D3F8-4C16-BD9B-164D6B3C3234_w800_h450.jpg)
Временската прогноза за денеска е претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 6 до 15 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 13 Целзиусови степени, во Маврово 6, Охрид 11, Битола 10, Крива Паланка 12, Берово 9, Кавадарци 13 и Дојран 15 степени.