Заев на средби со Тачи и Гаши за заеднички претседателски кандидат
![Заев на средби со Тачи и Гаши за заеднички претседателски кандидат](https://gdb.rferl.org/2B7AC653-6B0C-4823-9E13-96FBD910F412_w800_h450.jpg)
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска со средби со лидерите на ДПА и на „Алтернатива“, Мендух Тачи и Африм Гаши ги продолжува консултациите околу можностите за заеднички кандидат за претседател на државата.
Средбата со Гаши е закажана во 15 часот, а средбата со Тачи во 16 часот. Двете средби, како што најавија од СДСМ, ќе се одржат во Клубот на пратениците.
Заев вчера се сретна и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Се договориле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата. За викендот во седиштето на СДСМ беше одржана и средба со лидерите на помалите партии кои се дел од коалицијата.