Мировен претставник на САД ги повика Авганистанците да ги обединат напорите за мир
![Мировен претставник на САД ги повика Авганистанците да ги обединат напорите за мир](https://gdb.rferl.org/443A685A-B612-405D-883B-504D7054B931_w800_h450.jpg)
Американскиот мировен пратеник Залмај Калилзад ги повика Авганистанците да ги остават настрана разликите и да се обединат во напорите да се стави крај на 17-годишниот воен конфликт во земјата.
Калилзад одржа серија директи разговори со преговарачите на Талибанците на Блискиот Исток во последните месеци, иако во тие разговори не беа вклучени претставници на Владата во Кабул која има поддршка од Западот.
Клучни авганистански моќни лица, кои се противат на претседателот Ашраф Гани, во Москва одржаа разговори со талибанските претставници од 5 до 6 февруари. Опозициските политичари го критикуваат преговарачкиот тим на Гани, дека не бил инклузивен. Калилзад ја повика авганистанската влада да формира „силен, национален“ преговарачки тим.