Препорачано зедничко одбележување на Климент, Наум и на цар Самоил
![Препорачано зедничко одбележување на Климент, Наум и на цар Самоил](https://gdb.rferl.org/18AADEF5-19BC-44E1-8F6F-A368202845A2_cx22_cy27_cw71_w800_h450.jpg)
Членовите на мешовитата македонско-бугарска експертска комисија се усогласија за заеднико чевствување на Свети Климент Охридски, Свети Наум Охридски и на цар Самоил.
Ова е епилогот од дводневниот состанок во Скопје на Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања која продолжува да работи и на таканаречените спорните точки во учебниците по историја во двете земји.
Директорот на Институтот за национална историја, професорот Драги Ѓоргиев изјави дека овие два дена интензивно работеле на прашања од историјата согласно Договорот за добрососедство меѓу двете земји.
"Заедничка се усогласивме во однос на чевствување на три личности од средновековите. Тоа се Свети Климент Охридски , свети Наум Охридски и цар Самоил. Околу овие три личности ние постигнавме согласност и до Владите ќе испратиме препорки со кои ќе им предложиме овие личности во иднина на значајни годишнини и јубилеи заедно да бидат прославувани од двете држави"изјави Горгиев. Тој допни дека дискусиите з а учебниците ќе бидат на дневен ред на следниот состанок на комисијата.