Јовески- има сознанија дека возачот на Дурмо Турс добивал закани по живот
![Јовески- има сознанија дека возачот на Дурмо Турс добивал закани по живот](https://gdb.rferl.org/0A5325D9-CDA5-4AFE-926A-15E597ED1751_cx24_cy0_cw76_w800_h450.jpg)
Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески денеска, одговарајќи на новинарско прашање за наводите во јавноста дека возачот на автобусот на Дурмо Турс во чија несреќа починаа 15 лица добивал закани по живот, рече дека има такви сознанија во обвинителството.
„Јас би апелирал во тој дел да се почитува презумпцијата на невиност, особено во делот на заканите кон возачот. Обвинителството не може конкретно да ја посочи вината кај некое лице. Преземени се повеќе мерки за утврдување на причините за несреќата. Откако обвинителството ќе ги има доказите, ќе соопштиме кои се причините и евентуалната одговорност на сторителите на кривичното дело. Се сослушуваат сведоци. Нема податоци кој ја има одговорноста за несреќата. Би апелирал уште еднаш да се почитува презумпцијата на невиност“,рече Јовески.