Филипче: Расте бројот на вакцирани од морбили
![Филипче: Расте бројот на вакцирани од морбили](https://gdb.rferl.org/280333E3-A4F2-46A3-B240-D4C05D34E82A_cx30_cy0_cw58_w800_h450.jpg)
Министерот за здравство Венко Филипче изјави денеска дека секојдневно има пет шест нови случаи на заболени од морбили и дел од нив се пуштаат на домашно лекување, а дел се задржуваат на лекување во Клиниката за инфективни болести.
„Нема начелно зголемување на бројот на случаи. Се уште расте
бројот на вакцинираните деца и возрасни што е за поздравување и искрено се надевам дека оваа тенденција и понатаму ќе продолжи за епидемијата да заврши во што е можно пократко време“, посочи Филипче по посетата на ЈЗУ Здравствен дом во Велес.