Иран со воени вежби кај теснецот Хормуз
![Иран со воени вежби кај теснецот Хормуз](https://gdb.rferl.org/9A1CFFCC-D228-4693-A8E0-AB4543DF5BC0_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Иран ќе одржи воени поморски вежби околу стратешкиот теснец Хормуз. Вежбите ќе започнат утре и ќе траат до крајот на неделата. Командантот на морнарицата, адмирал Хосеин Канзади, изјави дека во вежбите ќе учествуваат подморници, воени бродови, хеликоптери и авиони за надзор. Според него, вежбите ќе вклучуваат и лансирања на ракети. Според него, вежбите треба да ја подготват земјата за вонредни ситуации.