Казахстанскиот претседател ја отфрли Владата поради економскиот неуспех
Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев ја отфрли Владата поради нејзиниот неуспех да го подигне животниот стандард и да ја развие економијата во земјата. Според него, и покрај усвојувањето на многу закони и владини одлуки се уште не се постигнати позитивни промени во економијата во Казахстан.
Тој го нагласи неуспехот на властите да ги зголемат приходите на граѓаните и да ги подобрат условите за живот во земјата која има огромни енергетски ресурси. Назарбаев порача и дека малите и средни бизниси не станале движечка сила на економскиот раст.