Котевски најави оставка од директорската позиција во истражниот затвор
Директорот на истражниот затвор Ѓоко Котевски денеска најави дека го прифаќа барањето на премиерот Зоран Заев и поднесува неотповиклива оставка.
“Од досегашната истрага, утврдени се пропусти во постапувањето и непочитувањето на стандардните безбедносни протоколи од службата за обезбедување во затворот Скопје. Затоа преземам одговорност”, рече Котевски.
Тој повтори дека според очевидците и писмените изјави за вчерашниот настан вербалните инциденти ги почнале лицата М.Ј. и С.Р. по што биле физички нападнати.Котевски најави и дека в понеделник ќе биде завршена целосната внатрешна истрага за вчерашниот инцидент.
До оставката на Котевски доаѓа откако премиерот Заев претпладнево рече дека бара од него таков потег. Вчера во инциденти во два различнидвора на казнената институција беа нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски кој се во притвор поради случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.