ОН: Рекорден број на загинати цивили во Авганистан
Минатата година е забележан рекорден број на загинати авганистански цивили, поради порастот на самоубиствените бомбашки напади од милитантите, се вели во извештајот на ОН. Според податоците во Авганистан минатата година загинале 3,804 цивили а над 7 илјади биле ранети што е за 11 проценти повеќе жртви од 2017 година. Според нивната проценка 63 отсто од жртвите се вина на талибанците и припадниците на ИСИС додека 24 отсто се жртви предизвикани од војската на НАТО и САД.