ВМРО-ДПМНЕ:Кумановската група врши тортура врз неистомислениците на Заев
Членови на Кумановската група непречени од никого сега се закануваат, вршат тортура и линчуваат политички неистомисленици на Зоран Заев, тврди ВМРО-ДПМНЕ. Во нивното соопштение наведуваат дека непостапувањето на власта и замижувањето пред јавни закани отвора директен сомнеж за нарачателите на обидот за линч на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.
Опозицијата бара политичка и кривична одговорност, посочувајќи дека СДСМ не може да избега од фактот дека беше дозволено да бидат претепани поранешни министри и политички неистомисленици на Зоран Заев.