Русија осуди за предавство двајца експери за компјутерска безбедност
Рускиот воен суд осуди две лица за предавство на долгогодишни казни затвор. Осуден е поранешен службеник на Федералната служба за безбедност и еден експерт за компјутерска безбедност.
Московскиот регионален воен суд денеска ги осуди поранешниот службеник Сергеј Михајлов и компјутерскиот експерт во Лабораторијата Касперски, Руслан Стојанов. Тие се осудени за издавање тајни информации на странски разузнавачки агенции.
Михајлов е осуден на 22 години затвор, а Стојанов на 14 години, објавија руските новински агенции.
Руските медиуми објавија дека осудените издавале доверливи документи на американската служба ФБИ.
Официјален Кремљ ги отфрли сугестиите дека овој случај е поврзан со наводното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016.
Судењето се одржа зад затворени врати.