Проштална средба на Димитров со амбасадорот Бејли
Американскиот амбасадор во земјата, Џес Бејли, изјавил дека со влезот на Северна Македонија во НАТО, ќе се исполни визијата на САД за мирен, стабилен и попросперитетен регион, соопшти МНР. Амбасадорот Бејли денеска имаше проштална средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Во соопштението на МНР се посочува дека Бејли го истакнал своето задоволство што по четири години, заминува од земја која направи историски исчекор и која го добива своето заслужено место во НАТО, и цврсто чекори кон ЕУ.
На средбата министерот Димитров ја нагласил важната улога, поддршка и верба на САД во постигнувањето долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на нашата држава, стои во соопштението.