Инциденти на опозицискиот протест пред албанскиот Парламент
Протестот на албанската опозиција пред Парламентот ескалираше со обид за насилно влегување во законодавниот дом, каде парламентарното мнозинство одржуваше седница. Демонстрантите фрлаа тврди предмет врз полицијата, палеа гуми, а полицијата одговори со употреба на солзавец.
Првите инциденти беа забележани уште на самиот почеток на протестот, кога им беше попречуван влезот на пратениците во зградата на Парламентот, а беше нападнат и министерот за туризам Бенди Кљоси.
Состојбата ја вжештија обраќањата на лидерите на демократите Љуљзим Баша и на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, која е сопруга на претседателот Илир Мета. Тие му порачаа на премиерот Еди Рама дека ќе се борат сè додека тој не си замине од власт.Пред Парламентот илјадници граѓани извикуваат „Рама оди си“ и „Ајдуци“.