Нелегален рудник затрупа десетици луѓе во Индонезија
Спасувачите трагаат по преживеани во Индонезија по уривањето на нелегален рудник за злато кој затрупа десетици луѓе. Националната агенција за катастрофи денеска соопшти дека стрмниот терен и нестабилната почва ги попречуваат напорите на спасувачите на оддалечениот остров Сулавеси. Според Агенцијата, досега се потврдени тројца загинати, а 14 луѓе биле спасени.
„Се проценува дека 43 луѓе се сè уште затрупани“, изјави портпаролот на Агенцијата.
Фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека луѓе ноќеска работат и пренесуваат повредени по калливиот рид.
Ситното рударство и потрагата по злато е широко распространето во руралните области во Индонезија. Несреќите во земјата се чести поради недостигот од регулатива и лошата изградба на импровизираните рудници.