МВР: Се злоупотребуваат стари случаи со исчезнати лица за да се шири страв
![МВР: Се злоупотребуваат стари случаи со исчезнати лица за да се шири страв](https://gdb.rferl.org/B34AD473-7EBA-4023-97D3-8027070BA1FF_cx12_cy14_cw88_w800_h450.png)
Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите што вчера и денеска се споделуваат на социјалните мрежи дека е исчезнат Лука Божиновски.
"Се злоупотребува случај од 2017 година кога лицето е пријавено за исчезнато и веднаш пронајдено. Имено, Лука Божиновски е пријавен за исчезнат на 3.8.2017 во ПС Ѓорче Петров и веднаш е пронајден односно запрена е потрагата по него на 4.8.2017. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни вести со кои поединци сакаат да предизвикаат страв и несигурност, нагласуваат од МВР. Ваквите лаги и дезинформации, според МВР, се прават со цел да предизвикаат страв кај граѓаните. Албанија и Северна Македонија се координираат за почеток на преговорите со ЕУ