Јенс Столтенберг во посета на Бугарија
![Јенс Столтенберг во посета на Бугарија](https://gdb.rferl.org/E2C85A9C-90AD-4581-9B61-D686631AB8A6_w800_h450.jpg)
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вечерва ќе допатува во дводневна посета на Софија, на покана на бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Како што јави БГНЕС, според најавите, Борисов и Столтенберг ќе имаат работна вечера на која ќе разговараат за соработката во сферата на безбедноста и одбраната и за стабилноста на регионот на Западен Балкан.