Помпео ги повика Индија и Пакистан да ги смират тензиите
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека разговарал со водачите на Индија и Пакистан и ги повикал да ги смират тензиите. Тој ги повика двете земји да избегнат каква било акција што би можела да доведе до ескалација на конфликтот.
Тензиите ескалираа пред два дена откако Индија погоди камп на милитантите на територијата на Пакистан, како одмазда за самоубиствениот напад во Кашмир, кога најмалку 40 индиски војници беа убиени.