Заев: Се разгледуваат 10 имиња, можно е денеска да се знае кандидатот
Премиерот Зоран Заев изјави денеска дека десет имиња ќе се разгледуваат како можен консензуален кандидат на владејачката коалиција за престојните претседателски избори и можно уште денеска да се знае името на кандидатот. Заев одговарајќи на прашањето, дали Стево Пендаровски е фаворит за консензуален кандидат, рече дека тој е еден од кандидатите, кои ќе бидат ставени на разгледување.
„Ќе ги земеме предвид сите аналитички аспекти во смисла идниот претседател на Република Северна Македонија да биде претседател на сите граѓани, кои ќе го чуствуваат за свој, а истовремено мверуваме ќе биде и доволно мотивирачки фактор за да добиеме голема излезеност, истакна Заев по денешната посета на „Алкалоид“.
СДСМ, коалициските партнери и другите партии кои даваат поддршка за заеднички претседателски кандидат, вечерва ќе одржат средба. СДСМ в недела треба да одржи конгрес на кој ќе биде промовиран кандидатот за нов шеф на државата.