Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Март
2019

Новости за 29.03.2019

Воведена забрана за движење во шума и шумско земјиште поради пожарите

SlobodnaEvropa.mk 

Поради раширените шумски пожари, согласно со Законот за шумите од денеска се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште. Забраната ќе трае сè до нејзино отповикување, соопшти вечерва Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Физички лица кои нема да ја почитуваат забраната и ќе бидат затекнати како се движат во шума и шумско земјиште, ќе бидат парично казнети од 1.500 до 2.000 евра. Забраната не важи за движење во парк-шумата Водно, Гази Баба, како и за организирани... Читать дальше...

Десетина пожари низ Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици пожари во моментов се активни на територијата на целата држава: Матејче, Влаин гроб - Кумановско, Градоманци кај Катлановска Бања, регионот над селото Арачиново, Бајковска караула - Струмица, село Брест - Македонски Брод, Пресека-Безиково кај Кочани и во Тетовско кај селата Седларево и Лакавица, општина Желино.  Сè уште е надвор од контрола пожарот што беснее на отворен простор во село Саса. Поради силниот и постојан ветар, како што информира командирот на Територијалната противпожарна... Читать дальше...

Уметниците врескаа против насилство на четвртиот „Крик на жената“

SlobodnaEvropa.mk 

Со учество на мнозина творци, на 28 март, во Јавна соба во Скопје, по четврти пат се одржа Меѓународниот фестивал на поезија и уметност „Крикот на жената“ кој претставува светски синџир на настани каде се крева гласот на јавноста против насилството врз жените.



Неделници - „Чистокрвни“ гласови и капитални инвестиции

SlobodnaEvropa.mk 

Фокус пишува за делењето гласови на избори по етничка основа, а Глобус за апетитите кои треба да ги задоволи власта пред избори. Најновиот број на Капитал ја анализира реализацијата на капиталните инвестиции.

Стејт департмент: Албанија извор на канабис и земја транзит на тешки дроги

SlobodnaEvropa.mk 

Во последниот извештај на Стејт департментот, Албанија се посочува како извор на канабис и транзитна земја на кокаин и хероин. Во извештајот за 2018 година, стои дека шверцот на канабис, како и тешките дроги, главно ги командуваат елементи на организираниот криминал, кои ги шверцуваат од земјите на потекло на европските пазари. Количеството заплената дрога и апсењата поврзани со дрога во 2018 година, се наведува во извештајот, во голема мерка биле поттикнати од соработката на агенциите за спроведување на законот со меѓународните партнери... Читать дальше...

Ципрас - Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас од Букурешт, по средбата со премиерката на Романија, Вјорица Данчила. Алексис Ципрас рече дека Балканот не треба да биде област во која ќе постојат конфликти, несогласувања и наметнувања на волјата на трети сили. „Балканот може да биде регион на мир и соработка, каде што земјите и даваат предност на потребата за соработка и мирно решавање на разликите, ќе ја стават во прв план... Читать дальше...

Најмалку 14 загинати во поплавите во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 14 луѓе загинаа во поплавите во Авганистан. Официјални претставници за Радио Слободна Европа изјавија дека девет луѓе загинале во западната провинција Херат, а петмина биле пронајдени мртви во северозападен Авганистан. Илјадници куќи биле оштетени или уништени во поплавите предизвикани од обилните дождови. Во изминатите неколку недели во Авганистан се забележани зголемени врнежи од дожд и снег.

Заев очекува Вашингтон до октомври да го ратификува Протоколот за НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев очекува ратификувањето на Протоколот за пристапување на земјава во НАТО во американскиот Сенат да заврши до крајот на летото, а најдоцна до октомври. Тој денеска во Охрид истакна дека процедурите за Протоколот мошне брзо завршиле во Стејт департментот и документот веќе е доставен до Сенатот. „Тоа е постапка која трае, поприлично е сложена, значи не очекувам дека ќе се случи за една недела, но очекувам дека ќе заврши до крајот на летото, септември, октомври“, рече Заев и додаде... Читать дальше...



САД сметаат дека независно СЈО е важно за враќање на довербата во судството

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалното јавно обвинителство има многу важна улога во напорите во вашата земја за враќање на довербата во независното судство, во барањето одговорност за криминалите во минатото и во борбата против корупцијата, изјави денеска вршителката на должноста амбасадор на САД во Македонија, Микаела Швајзер Блум. „САД сметаат дека е многу важно ингеренциите и независноста на СЈО да бидат задржани и во иднина. Борбата против корупцијата и злоупотребата на службената положба да продолжи, а одговорноста да биде почитувана. Читать дальше...

Неколкумина мигранти се обиделе да влезат во Американската амбасада во Подгорица

SlobodnaEvropa.mk 

Неколкумина мигранти денеска се обиделе да влезат во просториите на Американската амбасада во Подгорица, но обезбедувањето ги спречило, потврди полицијата. Ним не им бил дозволен влез во Амбасадата, зашто немале претходно закажан прием. Обезбедувањето ја повикало полицијата да ги отстрани од објектот. Околу зградата на Амбасадата имаше зголемено присуство на припадници на Специјалната антитерористичка единица на полицијата.

Британските пратеници по трет пат гласаа против Договорот за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Британските пратеници по трет пат гласаа против договорот на премиерката Тереза Меј за Брегзит, само две недели пред датумот за излегување на Велика Британија од ЕУ. Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, веднаш по гласањето, на Твитер напиша дека одлучил да го свика советот на 10 април. Главниот европски преговарач за Брегзит, Мишел Барние, претходно во Варшава рече дека хаотичното излегување на Велика Британија од ЕУ без договор „станува поверојатно“. Тој рече дека таа опција „никогаш не била европско сценарио... Читать дальше...

Косово нема информации за Демири и Исмаиловиќ обвинети во Монструм

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа денеска изјави дека нема информации каде се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот „Монструм“. Тој вели дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потерница и од Косово побараа да бидат екстрадирани.

Манчевски - Десет отсто од информациите во медиумите се лажни вести

SlobodnaEvropa.mk 

Десет отсто од информациите во медиумите се со цел да презентираат неточни информации и таа бројка загрижува, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Тој имаше обраќањето во Атина на конференцијата на тема „Лажни вести за Договорот од Преспа“. Според податоците кои ги презентираше тој во земјава зголемен број на лажни вести имало во периодот на референдумската кампања и периодот на усвојување на уставните измени во Собранието, како и ратификувањето на Договорот во грчкото Собрание. Читать дальше...

Последен ден од кампањата за претседател на Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска е последен ден од претседателската изборна кампања во Украина. Утре е изборниот молк, а гласањето е на 31 март. За функцијата се натпреваруваат 39 кандидати, но само за тројца постојат реални шанси за победа. Фаворити за функцијата се актуелниот претседател Петро Порошенко, поранешниот премиер Јулија Тимошенко и комичарот Володимир Зеленски.

ЕК бара Романија да не го попречува учеството на Ковеси во трката за обвинител

SlobodnaEvropa.mk 

Европската Комисија, иако не го коментира процесот кој се води против романската обвинителка Лаура Ковеси, која е кандидатка за прв обвинител на ЕУ, потсетува дека земјите членки треба да го почитуваат принципот на чесна соработка. „Клучно е кандидатите да бидат третирани на фер начин во овој процес, затоа ЕК ја повикува романската Влада и власти целосно да го почитуваат принципот на чесна соработка во процедурата на селекција на европски обвинител, сите кандидати треба да бидат во можност непречено... Читать дальше...

Лагата не е вест - Епизода 7 - Изгубени низ клиники

SlobodnaEvropa.mk 

Интернет страница најавува клуч на врата за државни болници што не се доволно конкурентни со приватните. Но, Министерството за здравство најави јавно приватно партнерство за зајакнување на здравствениот систем.

Врховен му го укина притворот на Мијалков за Империја

SlobodnaEvropa.mk 

Врховниот суд му го укина куќниот притвор на обвинетиот Сашо Мијалков за случајот Империја на СЈО. Во соопштението од Судот се наведува дека му ја уважила жалбата на обвинетиот за решението на Апелациониот суд за мерка куќен притвор и тој се пушта да се брани од слобода. Судот го донел решението врз основа на мислењето дека СЈО нема право да бара притвор, зошто истрагата за овој случај е покрената по јуни 2017. Во соопштението од Судот се наведува дека СЈО нема својство на овластен тужител во оваа постапка. Читать дальше...

Партиски пазар за двотретинско мнозинство

SlobodnaEvropa.mk 

На социјалните мрежи граѓаните повторно со критика за цената која се плаќа за обезбедување на двотретинско мнозинство за усвојување на потребните реформски закони. Според аналитичари, земјата е во сива зона кога мора да го испорача бараното, но таквите договори меѓу политичарите треба да бидат привремено, а не трајно решение.

ДИК ќе го заклучи Избирачкиот список

SlobodnaEvropa.mk 

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ќе одржи седница на која треба да го заклучи Избирачкиот список. ДИК до денеска требаше да ги изврши сите промени кои произлегоа од јавниот увид во Избирачкиот список што траеше од 23 февруари до 14 март 2019 година. Во тој период увид извршиле 53.972.000 граѓани. За 517 лица беше донесено решение за запишување во Избирачкиот список, за 412 е донесено решение за бришење, а промена на податоците е направена за 129 граѓани.


Музыкальные новости
Елена Волкова

Дмитрий Бикбаев готовит премьеру театрального проекта, основанного на личных переживаниях





Rss.plus
Владимир Путин

ООН незаметно признала Путина: Сообщено об официальном письме




Мария Багреева: контрактная система Москвы направлена на развитие конкурентной среды и поддержку российского бизнеса

Как редакция PEOPLETALK готовится к лету

Посол Германии вернется в Москву

Сухостой уберут в Ивантеевке по просьбам жителей




Ципрас во вторник во Скопје, нема да се сретне со Иванов

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во Скопје ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со претседателот на Собранието Талат Џафери. Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов кратко одговараат дека досега кај нив "нема пристигнато барање за таква средба”.

Турција - Набавката на ракетен систем од Русија е договорена работа

SlobodnaEvropa.mk 

Турција ќе го почитува договорот со Русија за воздушна одбрана и покрај предупредувањето од Вашингтон, рече денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, по разговорите со неговиот руски колега, Сергеј Лавров во Анталија. „Се согласивме со Русија и на крајот потпишавме договор. Овој договор е валиден, сега разговараме кога ќе биде испорака“, изјави Чавушоглу. Тој рече дека Анкара не планира да го продаде ракетниот систем С-400 на други страни. Вчера четворица американски сенатори... Читать дальше...

Топ 20 градови со најниско ниво на стрес

SlobodnaEvropa.mk 

Англиската компанија „Зипџет“ објави листа на градови со најниско ниво на стрес. Изборот е направен според повеќе параметри - износот на плата, стапката на невработеност, сообраќајните услови, нивото на менталното здравје, количината на зелени површини, зачестеноста на грабежи и убиства и бројот на сончеви часови во текот на годината.  Прв на листата е германскиот Штутгарт, а во првите пет се уште три германски градови. На листата доминираат европските градови. 1. Штутгарт, Германија 2. Луксембург, Луксембург 3. Читать дальше...

Изгаснат шумскиот пожар на границата со Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Шумскиот пожар кој два дена гореше во граничниот појас со Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село, утрово е изгаснат, информираат од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица. Општина Ново Село вчера формираше кризен штаб, а во гаснењето на пожарот, кој гореше во должина од три километри, учествуваа педесетина лица. Во пожарот изгoре ретка дабова шума со тревна вегетација во приватна сопственост.

Ципрас во Скопје ќе се сретне со Заев, со Џафери, а ќе отвори и Бизнис форум

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас ќе ја посети земјава во вторник, 2 април. Предвидено е премиерите и делегациите на двете земји да имаат билатерални средби, а потоа и да одржат меѓувладина седница, по што ќе следи и заедничка прес-конференција на двајцата премиери во Владата. На агендата е и средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. На крајот на посетата, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе го отворат Бизнис форумот кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас.

Романија и забрани на обвинителката Ковеси да ја напушта земјата и да зборува со медиуми

SlobodnaEvropa.mk 

Романија и забрани на поранешната антикорупциска обвинителка Лаура Ковеси да ја напушта земјата и за зборува со медиумите, откако ја осомничија за злоупотреба на функцијата, поткуп и лажно сведочење. Тие обвиненија Ковеси ги негира. По сослушувањата од обвинителите за делата за кои ја сомничат, Ковеси изјави дека има обвинителска забрана за јавно споделување детали за случајот „Ова е обид да ме замолчат, да не исплашат сите во правосудниот систем што си ја вршиме работата. Најверојатно некои луѓе... Читать дальше...



Москва

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Неделя мэра: завод «Москвич», гранты для школ искусств и система городских вокзалов



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Булат Окуджава

Урганта и Смехова исключили из концерта памяти Окуджавы: Вдова барда извинилась - в том числе, за проведение события




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Строительные леса обрушились у здания спортшколы на Новочеремушкинской улице

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»

Семьи из Подмосковья поборются за выход в финал конкурса «Это у нас семейное»


WTA

Азаренко вышла в четвертьфинал турнира WTA-1000 в Риме



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Инсайты, стратегии и нетворкинг для профессионалов: 21 июня пройдет ежегодный форум «Спорт и Бизнес»



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России