Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Март
2019

Новости за 18.03.2019

Во Украина 11 смртни случаи од морбили

SlobodnaEvropa.mk 

Украинските власти соопштија дека од почетокот на годината, па досега биле пријавени 30 794 случаи на мали сипаници. Според министерството за здравство, 16 969 од случаите се заболени деца, а од морбили починале 11 лица. За време на изминатата година биле пријавени нови 2000 случаи. УНИЦЕФ соопшти дека невакцинирањето е закана за децении работа за ставање под контрола на болеста, која може да се спречи, но е потенцијално смртоносна.

Отворен граничниот премин меѓу Таџикистан и Киргистан

SlobodnaEvropa.mk 

Граничниот премин меѓу Киргистан и Таџискитан повторно е отворен денеска по успешното завршување на билатерални преговори. Границата беше затворена по насилните судири меѓу локалните жители на 13 март при што загинаа двајца државјани на Таџикистан. Жителите на киргистанските села покрај границата кои беа евакуирани се вратиле во нивните домови. Со преговорите се постигна и договор за изградба на локални патишта, што и беше причината за првичниот спор.

Тимошенко ја брани одлуката Украина да не употреби воена сила на Крим

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот украински премиер Јулија Тимошенко ја бранеше нејзината поддршка за одлуката на Киев од 2014 година да не употребува воена сила за да се спротистави на руската анексија на Крим. Тимошенко која според анкетите, е меѓу првите тројца кандидати на претседателските избори порача дека во тоа време Украина немала војска, ни меѓународна поддршка. Во интервју за Радио Слободна Европа таа истакнува дека Русија само чекала да биде убиен еден нивен војник на Крим за да ја постави својата војска долж украинската граница.



Улици без табли со адреси

SlobodnaEvropa.mk 

Во 90 отсто од градот куќите немаат броеви, вели таксист од Тетово. Луѓето реновираат или градат нови објекти, па ги отстрануваат таблите со адреси. Локалните власти не поставуваат нови оти немале нов генерален урбанистички план.

Холандската полиција уапси едно лице за нападот во Утрехт

SlobodnaEvropa.mk 

Холандските власти соопштија дека едно лице е уапсено по нападот на трамвај во Утрехт во кој загинаа 3 лица, а 5 лица беа повредени. Полицијата беше во потрага по 37 годишниот Ѓокман Танис, роден во Турција во врска со инцидентот. Се уште не се знае мотивот на напаѓачот. Според обвинителството, можеби се работи за семејни причини. Турски медиуми цитираа роднини на осомничениот, кои тврдат дека Танис пукал кон роднина која се превезувала во трамвајот, а притоа ги убил другите кои се обиделе да и помогнат.

Заев-Јанковиќ: Реформи и успешни избори за напредок во интеграциите

SlobodnaEvropa.mk 

Поддршка за процесот на интеграција на Република Северна Македонија во НАТО и важноста од евроинтеграциите била изразена на денешната средба на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје. На средбата, според соопштението на владината прес-служба, заклучено е дека сите во државата треба да се посветат на заокружување на реформскиот процес, посебно во правосудството и на успешни претседателски избори, што ќе и овозможи на државата да продолжи напред.

Русија го призна новото уставно име

SlobodnaEvropa.mk 

Русија денеска го призна новото уставно име на државата- Република Северна Македонија. Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската Амбасада во Скопје е добиена нота со која се известува дека официјалното име на државата е променето во Република Северна Македонија. „Руската Федерација ја призна таа држава под новото име- Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението од руското МНР.

Новинар во Азербејџан осуден на условна казна

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во Азербејџан му изрече условна казна на независниот новинар Анар Мамадов. Според судот, Мамадов, кој е и уредник на интернет страницата criminal.az е виновен за објавување јавни повици против државата, злоупотреба на професионалните должности и фалсификат. Мамадов е осуден на 5 и пол години затвор со две години условен период и забрана да ја напушти земјата. Обвинителството во минатата година отвори истрага против Мамадов, обвинувајќи го дека ширел лажни информации за нападот на градоначалникот на Ганка... Читать дальше...



Путин ги потпиша законите за лажни вести

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша двата закони со кои ќе се блокираат интернет страници кои објавуваат лажни вести. Според законите ќе се изрекуваат и казни и за оние интернет страници кои ќе шират навреди кон властите, кон националните симболи и кон општеството. Критичарите сметаат дека со законот ќе им се даде моќ на властите да затвораат интернет страници кои се критички кон Кремљ.

Собранието за авиобилети и сместување ќе издвои 422 илјади евра

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието за набавка на авио-билети и за сместување ќе издвои 26 милиони денари или околу 422 илјади евра за 2 години. Дел од парите, според собраниската прес-служба, се донација од Швајцарската агенција за развој за потребите на Парламентарен институт. „Ова не значи дека сите средства задолжително ќе се потрошат, сѐ ќе биде во зависност од меѓународната активност. Дел од средствата се рефундираат од организаторите, во зависност од настанот. Сега има актуелна рамковна спогодба со 4 агенции и договорот е сукцесивен. Читать дальше...

Церар: Лошо ќе биде ако ЕУ не ги препознаe напорите на Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Словенечкиот министер за надворешни работи, Миро Церар изјави дека неговата земја силно поддржува почеток на преговори со Северна Македонија во јуни. Тој ја истакнал важноста на постигнувањето и спроведувањето на Преспанскиот договор, како и на Договорот со Бугарија. „Би било многу лошо за Европа ако не го препознае тој напор, таа подготвеност за компромис, таа посветеност кон реформите кои ги покажува Македонија, а највеќе ќе трпи европската идеја за интеграција и би било големо разочарување за жителите на Република Северна Македонија“... Читать дальше...

Убиени 3 лица, а 9 повредени во нападот во Утрехт

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Заен изјави дека во нападот на трамвај во градот биле убиени 3 лица, а 9 се повредени. Шефот на националната служба за контратероризам, Питер Јаап Алберсберг изјави дека на нивото на закана од тероризам во Утрехт е кренато на највисоко ниво за наредните 18 часа. Според него, не може да се исклучи дека нападот бил терористички кат. Но, како што истакна, се уште многу работи се нејасни и локалните власти работат на утврдување на сите факти. Алберсберг посочи дека... Читать дальше...

Партијата на екс претседателот на Киргистан се приклучува на опозицијата

SlobodnaEvropa.mk 

Социјалдемократската партија предводена од поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбаев донела одлука да и се приклучи на опозицијата во земјата. Портпаролот на партијата, Кундуз Јолдубаева изјави дека одлуката била донесена за партијата да ја критикува владата и да предлага други начини за развој на земјата. Таа најави дека партијата наредниот конгрес ќе го одржи на 6 април, но не посочи дали социјалдемократите ќе ја напуштат владината коалиција.

Поповски: Набавките за УБК беа барани и по устен пат од Мијалков и Грујовски

SlobodnaEvropa.mk 

Договорите, барањето за понуда, и сертификатите за краен корисник со фирмата „Финзи” за набавка на опрема за УБК се подготвени од Комисијата за јавни набавки и службата во МВР, истакна денеска поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски во сведочењето за предметот „Трезор” на СЈО. Појаснувајќи ја процедурата за набавка на опрема за потребите на УБК, Поповски посочи дека барањата ги добивале по писмен пат со документ, но и со усни барања од тогашниот директор на Управата, Сашо Мијалков... Читать дальше...

Холандската полиција трага по 37 годишен маж роден во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Холандската полиција соопшти дека трага по 37 годишен маж, роден во Турција во врска со нападот на трамвај во Утрехт при кој загина најмалку едно лице. Неколку лица се повредени во нападот, кој според полицијата, можеби е поврзан со тероризам. „Полицијата е во потрага по 37 годишниот Ѓокман Танис во врска со инцидентот утрината. Немој да му приоѓате“, напиша полицијата од Утрехт на Твитер.

Дебата за законите за безбедност и разузнавање: Концентрација на моќ кај премиерот

SlobodnaEvropa.mk 

Отсутност на Претседателот на државата, на Собранието и на директорот на Бирото за јавна безбеднсот, како и преголема концентрација на моќ во рацете на премиерот, кој ќе претседава со Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, а ќе го предлага и директорот на Агенцијата за национална безбедност. Ова беа главните забелешки изнесени на денешната јавна расправа по Предлог-законот за АНБ и Предлог-законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во државата. Во... Читать дальше...

Полицијата трага по напаѓачот во Утрехт

SlobodnaEvropa.mk 

Триесет и седум годишниот Ѓокман Танис е осомничениот напаѓач по кој трага холандската полиција, откако изутрината тој пукал во трамвај во Утрехт. Во инцидентот починале 3 лица, а неколкумина се повредени

Виртуозот Бенџамин Шмид солист со Македонска филхармонија

SlobodnaEvropa.mk 

„Фантазија апасионата“ е насловен претстојниот концерт на Македонската филхармонија на кој, под диригентство на Конрад ван Ален, на 21 март, премиерно ќе бидат изведени дела на нашиот Владимир Николов и на Белгиецот Анри Виетан. Солист ќе биде прочуениот австриски виолинист Бенџамин Шмид.

Мицковиќ добивал закани да не сведочи за случајот „Маџар телеком“

SlobodnaEvropa.mk 

Професорот на Правниот факултет Дејан Мицковиќ, кој од 2004 до 2006 година бил претседател на Бордот на директори во „Македонски телеком“, на денешното рочиште во Скопје за случајот „Маџар телеком“ рече дека уште пред неговото сведочење кај американските власти добивал закани да не сведочи. Освен заканувачките пораки добиени по електронска пошта, во 2008 година во неговата канцеларија на Правниот факултет дошло непознато лице со предупредување да не сведочи. Одговарајќи на прашања од специјалната јавна обвинителка Лиле Стефановска... Читать дальше...


Музыкальные новости
Сергей Брановицкий

Продвижение Музыки. Раскрутка Музыки. Продвижение Песни. Раскрутка Песни.





Rss.plus
Футбол

Футбол Беларуси. Минское «Динамо» сразилось с «Шахтером» из Солигорска




Бросила тельце на бетон. В Москве мать оставила младенца у супермаркета

Два автомобиля столкнулись на Кутузовском проспекте

Музыкальный театр просит красноярцев о поддержке на всероссийском конкурсе проектов

Захарова назвала приступом безумия версию, что за покушением на Фицо стоит РФ




Еден загинат, неколку повредени во напад на трамвај во холандскиот град Утрехт

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку едно лице e убиено, а неколкумина се повредени откако маж отворил оган во трамвај во холандскиот град Утрехт, соопшти полицијата. „Неколку куршуми биле испукани во трамвајот, едно лице е убиено, а неколку се повредени. На местото на настанот има хеликоптери, а досега никој не е уапсен“, изјави портпаролот на полицијата Јуст Ланшаге. Холандскиот премиер Марк Руте се обрати по инцидентот и изјави дека е длабоко загрижен и дека поради овој настан ќе биде свикан кризен состанок на владата. Читать дальше...

Негативни резултати од 48-те земени мостри, нема нов случај со МРСА

SlobodnaEvropa.mk 

Негативни се резултатите од 48-те земени мостри од неколку училишта и градинки од Чаир и Бутел, што требаше да покажат дали има присуство на бактеријата МРСА. Деновиве нема ниту еден нов случај со бактеријата МРСА. Ова денеска го изјави епидемиологот Александар Стојанов од Центарот за јавно здравје Скопје, кој во врска со тоа дека минатата недела кај ученик од Зелениково е потврдена бактеријата, рече дека бактеријата може да ја има во секое училиште и секаде на друго место, дека станува збор за... Читать дальше...

Заев: Не постои законска можност за нови амнестии

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев изјави дека Собранието и претседателот Ѓорге Иванов завршиле со амнестии, откако денеска во Основниот суд Скопје 1 беше повикан како сведок оштетено лице во истрага за закани за негова ликвидација. На новинарско прашање дали Иванов, кој има уште околу два месеца од неговиот втор претседателски мандат, може да даде уште една амнестија за истрагите што ги води СЈО против актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Заев со став: „Тоа со амнестиите заврши. И таа за... Читать дальше...

Димитрoв и Османи во Брисел: Ни треба ЕУ за да создадеме стабилен и просперитетен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Никола Димитро и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, во рамки на посетата во Брисел учествуваа на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, во организација на Грција и Романија. Како што информираат од владината прес-служба, на работниот појадок Димитров брифирал за тековните достигнувања во контекст на евроинтеграциите, за спроведувањето на договорот од Преспа, како и за генералните очекувања од... Читать дальше...

Во протестите во Белград повредени шест полицајци и приведени 18 лица

SlobodnaEvropa.mk 

По ултиматумот на опозицијата до денеска до 15 часот да се ослободат сите приведени по вчерашните протести во Белград и блокадата на Претседателска палата, претпладнево се огласи српската полиција, јави дописникот на МИА. Како што изјави директорот на полицијата Владимир Ребиќ, од деветте лица кои во врска со протестите беа изведени пред надлежниот суд, седум се осудени по итна постапка, од кои шест на казна затвор до 30 дена, а едно парично, додека две лица се гонат кривично. Ребиќ во изјава... Читать дальше...

Макрон размислува да забрани протести на Шанзелизе

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, размислува да забрани демонстрации на познатата париска авенија Шанзелизе (Елисејски Полиња), објави агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на информации од претставник на претседателскиот кабинет. Агенцијата пренесува дека државниот секретар на француското министерство за внатрешни работи, Лоран Нун, потврдил дека во саботата полицијата не успеала да ги спречи насилните демонстрации на „жолтите елеци“ во Париз и дека владата се обидува да избегне повторување на ова сценарио. Читать дальше...



Москва

Свыше 600 навалов мусора устранили в Подмосковье за неделю


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин принял решение о расширении мер поддержки промпредприятий



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Анастасия Волочкова

Анастасия Волочкова рассказала в шоу Анфисы Чеховой на ТВ-3 о своём детстве




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Цена билетов на суперфинал Кубка России составит от 500 до 15 тыс. рублей

Курсант Пермского военного института Росгвардии принял участие в финале интеллектуальной олимпиады Приволжского федерального округа

Олимпийский чемпион Роман Костомаров поздравил победителей номинации «Экскурсия без границ» программы «Лига Экскурсоводов»


Юлия Путинцева

Путинцева вернулась после 0:6 и одержала важную победу



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Новости 24 часа

"Возрождение интереса к народному искусству и ремеслам в современном мире"



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России