Харадинај го обвини Тачи дека му направил штета на Косово
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека претседателот на земјата Хашим Тачи му причинил голема штета на Косово со ставот оти демаркацијата треба да биде дел од дијалогот со Србија.
Тој порача дека би можел да ја разгледа суспензијата од сто отсто воведена такса на стоки од Србија и БиХ, ако Белград и Приштина се согласат, конечниот договор за нормализација на односите да гарантира непроменливост на границите и Заедницата на српски општини да нема извршни овластувања.
„Сакаме да ги укинеме таксите, но тоа не може да се направи во процес, кој не е сосема јасен. Би било бесмислено“, рече Харадинај.