Убиени десетици авганистански војници во напад на Талибанците
Авганистанските сили одбија напад на Талибанците, откако милитантите нападнаа голема воена база во јужната провинција Хелманд. Авганистански официјални претставници соопштија дека најмалку 25 авганистански војници се убиени во борбите.
Најмалку девет талибански милитанти исто така се убиени, вклучително тројца бомбаши самоубијци.
Операциите за расчистување се уште се во тек во Кампот Шораб, стратешка воена инсталација која три пати беше нападната од страна на милитантите во последните 48 часа.
Американската мисија за воена помош функционира од базата, но стански војници не биле вклучени во инцидентот, објавија авганистански официјални претставници.