Почина рускиот нобеловец Алферов
На 88-годишна возраст почина рускиот научник Жорес Алферов, кој освои Нобелова награда за физика, објавија денеска руските новински агенции.
„Жорес Алферов почина денеска“ изјави неговцата сопруга во коментари кои ги пренесуваат руските медиуми. Причината за неговата смрт не е откриена.
Физичарот исто така беше комунистички пратеник во долниот дом на Парламентот.
Алферов ја делеше Нобеловата награда за физика во 2000 година за неговата работа во полупроводнички и ласерски технологии.
Во тоа време тој беше прв Русин што добил Нобелова награда откако советскиот лидер Михаил Горбачов беше добитник на мировна награда во 1990 година. Победата предизвика поттик за постсоветските руски науки.
Алферов беше награден за неговата пионерска работа во технологијата која сега се користи во се, од сателити до мобилни телефони и скенери на бар-кодови.
Тој ја делеше наградата со Херберт Кромер – роден во Германија и со Џек Килби од САД.