Почина 20-годишно момче од повреди од пукање во Сарај
![Почина 20-годишно момче од повреди од пукање во Сарај](https://gdb.rferl.org/4BED3773-6849-4AAA-A5F8-18F9669BC704_w800_h450.jpg)
Дваесетгодишно момче им подлегнало на повредите здобиени во оружен инцидент што се случил ноќеска на влезот од село Шишево кај Сарај, во кој повредено е уште едно лице, соопшти МВР.
Според информациите, околу два часот по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека во Клиничка болница „Систина“ од страна на 24-годишниот (С.Т.) со повреди биле донесени 20-годишниот А. А. и 36-годишниот Г. А. сите од ело Шишево.
Според пријавеното тројцата се движеле со возило „БМВ“, а пред нив се движело возило „Мерцедес“, управувано од (Е.Ш.) од Шишево, со кого претходно имале расправии. На влезот во селото мерцедесот застанало до патот, а по него запрел и (Г.А.) кој го управувал возилото „БМВ“. Е.Ш. и Г.А. излегле од возилата и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина“, каде А.А. починал, наведуваат од МВР.