Димитров - Добрите вести доаѓаат од Балканот
![Димитров - Добрите вести доаѓаат од Балканот](https://gdb.rferl.org/3CE9E4ED-BAB1-41C1-BDD2-3997457AABAF_w800_h450.jpg)
Постои реална перспектива сите заедно во регионот да ја постигнеме визијата што со помош на Грција беше поставена во многу години во Солун 2003 година и реафирмирана лани во Софија на Самитот за Западен Балкан, изјави денеска министеорт за надворешни работи Никола Димитров на денешниот централен настан на економскиот форум во Делфи, откако остварисредба со неговиот грчки Колега Јоргос Катругалос. Димитров се осврна на предизвиците при постигнувањето на Договорот оод Преспа и рече дека можат да бидат горди на тоа што го постигнале и оти добрите вести доаѓаат од Балканот.
„Нема ништо поприродно од тоа нашите две земји да бидат пријатели, да бидат блиску, да ја отворат иднината“, рече Димитров.
Тие зборуваа за натамошна секторска и друга соработка предвидена во Договорот од Преспа, соопшти МНР.