Времето денеска променливо облачно со слаб ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура од минус четири до четири степени, а дневната од пет до 15 степени.
Од понеделник повторно ќе преовладува стабилно и потопло време со претежно југозападен ветер, а од вторник се очекува на југоистокот температурата да надминува 20 степени.