Архиепископот на Украинската православна црква уапсен во Крим
Руски безбедносни претставници го уапсија шефот на Украинската православна црква во рускиот анексиран Полуостров Крим. Причините за денешното апсење се уште не се познати.
Отец Климент беше уапсен на автобуска станица во кримскиот главен град Симферопол, објави „Карент тајм“ – мрежа предводена од Радио Слободна Европа во соработка со Гласот на Америка цитирајќи соопштение на Православната црква во Украина.
Климент го потврди неговото апсење во телефонски разговор со АПФ за време на кој рекол оти зборува од полициска станица во Симферопол. Тој рекол дека полицијата не му кажало зошто бил уапсен.
Апсењето доаѓа неколку недело откако Православната црква во Украина доби независност или афтоќефалност, завршувајќи ја повеќе од 330 годишната руска религиска контрола во Украина.
Русија долго време се противеше на ваквите напори на Украинците за незвисна црква, кои се интензивираа откако Русија го презема управувањето со Крим во март 2014 година и започна да ги поддржува сепаратистите во источните делови на Украина.
Климент минатиот месец рече дека кримските власти треба да го одземат закупоот на неговата црква, бидејќи тој не успеал да ја регистрира парохијата во Руската Федерација.