Груби: ДУИ дава безрезервна поддршка за законот за СЈО
Безрезервно се ставаме на располагање за поддршка на органите на правдата, рече денеска пратеникот на ДУИ, Артан Груби, на прес конференција на која објави дека ДУИ ќе даде безрезервна поддршка на законот за СЈО.
„Владеењето на правото е апсолутен на ДУИ и нашата партија е едиснтвената политичка партија во Република Северна Македонија, која отворено побара и од СЈО и од ЈО, да отвори истраги за своите функционери од 2002 година наваму. Безрезервно се ставаме на располагање за поддршка на органите на правдата. Бараме неселективна правда и бараме правда којашто не е диктирана ниту од политиката, ниту од корупцијата, ниту од било кој друг“, рече Груби.