Средба на ерменскиот премиер и Туск за односите со ЕУ и Нагорно Карабах
![Средба на ерменскиот премиер и Туск за односите со ЕУ и Нагорно Карабах](https://gdb.rferl.org/1FAAB9F5-146D-4656-BD18-50A6ED840ED4_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Ерменскиот премиер Никол Пашинијан и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск се сретнаа во Брисел каде разговараа за односите на Ереван и на ЕУ, како и за конфликтот меѓу Ерменија и Азаербеџан за Нагорно Карабах.
Туск изјави дека ЕУ ќе продолжи да го поддржува патот на Ерменија кон консолидирана демократија и да создаде подобра економска иднина за своите граѓани. Пашинијан порача дека со Туск разговарал и за можноста од визна либерализација на граѓаните на Ерменија.