Сојуз за Србија: Вучиќ е на чекор до приватна спогодба за Косово
„Претседателот на Србија и на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ, повторно е фатен во лага со која се обиде на странците истовремено да им испрати порака дека е подготвен да го признае Косово како независна држава, а на јавноста во Србија да се претстави како борец за Косово“, соопштија од опозицискиот фронт Сојуз за Србија (СзС).
„Вучиќ веќе не може да сокрие дека е на чекор до приватна спогодба со која трајно и неповратно ќе ја разгриничи Србија од територијата на Косово“, се наведува во соопштението за јавност на СзС, во кое се оценува дека ова јасно се потврдува од изјавата на италијанската
агенција АНСА, во која изјави дека Србија “не може да го признае Косово, а да ништо не добие од другата страна”.