ЕУ со нови санкции за осум руски државјани
Амбасадорите на ЕУ се согласија да воведат нови санкции за осум руски државјани вмешани во заробувањето на 24 украински морнари во инцидентот кој се случи во близина на теснецот Керч во ноември, минатата година.
Се очекува санкциите, кои вклучуваат замрзнување на имот и забрана за издавање на визи за патување во ЕУ да бидат формално одобрени наредната недела. Со тоа осуммината државјани на Русија ќе бидат додадени на листата на ЕУ на луѓе и ентитети врз кои има санкции поради нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина.