Столтенберг во посета на Грузија
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе ја посети Грузија во текот на месецов каде ќе се сретне со лидерите на земјата и ќе присуствува на заеднички воени вежби.
Тој порача дека посетата е во знак на силното партнерство и политичкиот дијалог кој НАТО го има со Грузија. Заедничките вежби на Алијансата и на Грузија ќе се одржат од 18 до 29 март. Војници од 23 земји членки на НАТО и партнерски земји ќе учествуваат во вежбите.