Дете на возраст од две ипол години починало на клиника
![Дете на возраст од две ипол години починало на клиника](https://gdb.rferl.org/4E6F32DD-F60E-4548-B2E8-A82B4155F9CE_cx9_cy0_cw91_w800_h450.jpg)
На Клиниката за детски болести починало женско дете на возраст од две ипол години, кое било примено со сериозна бактериска инфекција. Како што информираат од Клиниката, детето било примено во понеделникот, а претходно било релативно здраво, со респираторена инфекција и една недела било третирано од страна на матичен лекар.
„Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката. Примено е на Оддел за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите преземени тераписки процедури после престој од 12 часа детето почина“, се наведува во соопштението.