Заедничка воена вежба на НАТО и Грузија кон крајот на месецов
![Заедничка воена вежба на НАТО и Грузија кон крајот на месецов](https://gdb.rferl.org/67E74ED9-F9AF-4F13-9CEB-76FA5D7B26CE_w800_h450.jpg)
Шефот на НАТО Јенс Столтенберг најави дека ќе ја посети Грузија до крајот на месецов со цел средба на раководството на земјата и присуство на заедничката воена вежба. Тој по разговорите со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во Брисел изјави дека ваквата посета на Грузија е дел од редовното силно партнерство и политички дијалог кој го има НАТО со Грузија. Заедничката вежба на НАТО и Грузија ќе се одржи од 18 до 29 март во националниот центар за обука во близина Тбилиси. Војници од 23 земји членки на НАТО и партнерски земји ќе учествуваат во вежбите.