Најмалку 17 загинати при напад во Авганистан
![Најмалку 17 загинати при напад во Авганистан](https://gdb.rferl.org/D2E54042-A707-4C24-926F-BAAE875A7EEA_w800_h450.jpg)
Најмалку 17 луѓе загинале а десетина се ранети при вооружен милитантен напад врз објектот на градежна компанија во источниот дел на Авганистан, соопштија властите. Станува збор за напад што го предводеле тројца милитанти кој се случил во близина на главниот аеродром во провинцијата Џалалабад каде што утринава двајца бомбаши извршија самоубиствен напад. По експлозијата започнала и престрелка со милитантите кои го извршиле нападот врз градежната компанија соопшти локалната полиција. Се уште никој не презел одговорност за денешните напади.